Почитувани
Соларните фотонапонски панели се користат за добивање бесплатна електрична енергија од сонцето.
Се ставаат таму каде нема приклучок за ел.енергија или пак доведувањето приклучок на ел.струја е прескапо.Како што тргнало поскапувањето на ел.струја со поставување на соларните фотонапонски панели ке може да се дојде до поевтина ел.струја.Со моменталните цени од 2013 год.,користење
на фотонапонски панели за домаќинства за добивање на ел.струја е поскапо од струјата од ЕВН, додека за индустриски објекти добиената струја е ПОЕВТИНА. А онаму каде треба да се дадат пари за нов приклучок за викендица, фарма , штала , мал погон,телекомуникациона опрема , рибник , вадење на вода со помош на пумпи и друго, во надобар случај,подобра варијанта е да се стават соларни панели. Може исто да чини , но барем ел. струја ке е бесплатна , а нема и додатни давачки за улично осветление и РТВ-претплата. А таму каде пак бандерите за приклучување на струја се далеку и/или е потребен трансформатор , цената на чинење за добивање на струја со поставување
на соларни фотонапонски панели е далеку поевтина варијанта .
Повелете,разгледајте го целиот сајт,одберете од понуденото или пак контактирајте не’ да го решиме Вашиот проблем ...